Во 15 сообраќајки во Скопје повредени 14 лица, „пајакот“ отстранил 47 возила
Вкупно 15 сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје, во кои се повредени 14 лица, од кои едно се стекнало со тешки телесни повреди, а во седум е констатирана материјална штета.
Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Четворица возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафор и четворица возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Санкционирани се и 12 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 47 возила.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот