ВМРО:ДПМНЕ: Четири години СДСМ на власт, четири години нула километри изградени автопатишта
Четири години СДСМ на власт, четири години нула километри изградени автопатишта.
СДСМ не ги изгради ветените 600 километри автопат и експресни патишта, и исто така нема ни трага ниту од 550 километри магистрални и регионални патишта.
За четири години власт СДСМ не успеа да проектира ниту еден пат, а да не се говори за ветените километри патишта што ги ветуваа во предизборието.
Сите активности неопходни за реализација на експресниот пат Штип - Радовиш се обезбедени за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Уште во текот на 2015 година се обезбедени средства и е изготвен основен проект за изградба и е извршена експропријација за истиот. Воедно, тендерската документација и постапка се водени пред промената на власта, така да СДСМ на готово доби изведувач на работите.
За време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беа обезбедени средства, изготвен проект и завршување на експропријација, како и завршена тендерска постапка и потпишан договор за изградба за патниот правец Штип - Кочани, и сите тие работи беа завршени во 2016 година.
Делницата Скопје – Блаце неколку пати требаше да биде завршена.
СДСМ дозволи на завршен проект за патниот правец Градско – Дреново – Фариш, да пропадне и да се прекине со веќе почнатата интензивна градба.
4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!
Ново на Сител
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
-

Папата Лав Четиринаесетти ја осуди ескалацијата на војната во Украина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите
-

Утре нестабилно со дожд, грмежи и ветер
