ВМРО-НП: Поддршка за Заев за храброста со која зборува за историјата
Сите работи што ги зборуваше г. Заев согласно со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот Архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани, само зборува колку македонското општество било индоктринирано.
Ова се истакнува во денешната реакција на коалицискиот партнер на Заев, партијата ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски, во врска со вчерашнто интервју на Заев за бугарската информативна агенција БГНЕС. Партијата му дава поддршка на Заев за „храброста со која зборувал за македонската историја“.
ВМРО-НП на Георгоевски смета дека, „за жал, она што македонската историографија требало да го отвори во изминатите три децении на демократија, сега еден политичар во функција на премиер радикално ни го соопштил“.
– Сите работи што ги зборуваше г. Заев согласно со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот Архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани, само зборува колку македонското општество било индоктринирано. Особено ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија што ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со таа држава, се наведува во соопштението од партијата на Георгиевски.
Тој неодамна беше во посета на Бугарија, како неформален мисионер на Заев, да ги „затоплува заладените односи“ во врска со ветото во ЕУ.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата