ВМРО-ДПМНЕ:Нов проект за клинички центар ќе чини 6,5 пати повеќе од постојниот

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно побара да не се стопира проектот за изградба на нов клинички центар во Скопје. Министерот за здравство Арбен Таравари, како што рече Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ треба да даде одговори кои ќе бидат аргументите пред Европската централна банка дека проектот кој го подготвувале, одобриле и ќе го финансираат не е според неговиот архитектонски стандард.
- Таравари и неговиот наредбодател Заев мора да му кажат на народот дека ако го стопираат постоечкиот проект кој чини 70 милиони евра и почнат проект од 450 милиони евра, ќе треба да се задолжат со нови 380 милиони евра, односно да плати шест и пол пати повеќе, за ефект кој се постигнува во многу пократок рок. Чесно е Таравари да им ги каже овие работи на граѓаните, на пациентите и на медицинскиот кадар, изјави Андоновска.
Недозволиво и неодговорно е, како што рече, да се оспорува готов проект кој чини 70 милиони евра, за да се најави нов проект кој ќе чини повеќе од 450 милиони евра и за чија реализација ќе треба да се чека најмалку десет години. - Таравари ќе биде одговорен за тоа што најмалку десет години нема да има подобри услови за лекување на пациентите и десет години медицинскиот кадар ќе работи во полоши услови, рече Андоновска.
Ново на Сител
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
