ВМРО-ДПМНЕ: Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата „Рекет“

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод.
Зоран и Вице Заев се среќавале со Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец. Тоа го потврди и лично Заев кој призна дека знаел, а не пријавил за сомнителното финансирање на 1ТВ и рекетот вршен преку медиумот.
Зоран и Вице Заеви во текот на јуни и јули имале средби со обвинетите и осудените во предметот „Рекет“. Што разговарале и дали затоа се развлекуваше апсењето на Јанева до крајот на летото!?
Зоран Заев е директен помагател, а со тоа и соучесник во „Рекет“. Од доказите кои излегоа во медиумите Заев знаел дека станува збор за чист рекет.
Дополнително од снимките слушнавме дека Заев лично се ангажира околу рекламирање и помагање на рекет телевизијата на Боки 13.
Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата со Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.
Обвинителството и судството се во директна спрега со Заеви и затоа снимките од средбите на Вице Заев со осудениот Кичеец се без аудио запис. Токму затоа и ЈО не го повикува Заев. Случајот се канализира и се одвлекува вниманието од Зоран и Вице Заеви.
Ваквата спрега не смее да го држи во грч правосудниот систем во Македонија. По 12-ти април ќе следува одговорност како за криминалите, така и за нивните прикривачи во институциите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
