ВМРО-ДПМНЕ: Зголемувањето на акцизата на горивата може да предизвика ценовни шокови за граѓаните и штетно да влијае врз македонската економија
Македонските граѓани се сочуваат со најсериозната криза од осамостојувањето, дури 78% од работниците во земјава се лично погодени од корона кризата.
Над 100 илјади македонски граѓани се или отпуштени од работа или се испратени на принуден одмор. Ист е вкупниот број работници кои веќе добиле најава дека платата ќе им биде намалена.
Владата на СДСМ наместо да им помогне на граѓаните таа преку зголемување на давачките кон државата само го зголемува товарот врз граѓаните и стопанството. Зголемувањето на акцизата на горивата може да предизвика ценовни шокови за граѓаните и штетно да влијае врз македонската економија.
Факт дека Владата на СДСМ недоволно им помага на граѓаните, а за тоа говори и анализата на институтот за економски истражувања Сазадвег, според која Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата.
Вредноста на финансиската интервенција и помош во стопанството изнесува 0,2% од БДП. Од Република Македонија помалку пари одвоила само Белорусија која нема никакви рестриктивни мерки за превенција од ширење на коронавирусот.
Додека СДСМ се фали со своите политики, граѓаните на свои грб ги чуствуваат „придобивките“ од неспособноста и расипничкото работење на СДСМ. Да не заборавиме дека во услови на криза иако нема пари за граѓаните, криминалните тендери и грантови и натаму се доделуваат по партиска линија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Идризи за Сител: Не го направив намерно, случајот се политизира
-
Тема на денот со безбедносно-политичкиот аналитичар Милан Стефаноски
-
Со лажни фактури за поврат на ДДВ, државниот буџет олеснет за 90 милиони евра
-
30 дневен притвор за сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Мицкоски: Ако извештајот повторно не се изгласа, проблем не се Бугарите во Уставот, туку македонскиот идентитет
-
Мицкоски: Новиот Клинички центар ќе биде поевтин од оној што го промовираше претходната Влада
-
Клиниката за хируршки болести доби донација од специјални колички - Најавена донација за Ургентен центар
-
АХВ уништи 56 тони небезбедна храна годинава