ВМРО-ДПМНЕ: Заев се фали дека блескаме, а 55.000 луѓе останаа на улица
Зоран Заев го злоупотребува буџетот за поткуп, наместо за помош на граѓаните и стопанството. Таканаречениот пакет на антикризни мерки заврши за купување гласови. Доказ дека мерките немаа реален ефект се 55.000 работници на улица.
Заев се фали дека блескаме, а народот нема ниту за леб.
Во времето на Заев во последната година, се случи втората најмасовна катастрофа во економијата, по транзицијата. 1.5 милијарди евра е зголемен јавниот долг, а економијата тоне.
Граѓаните секој ден се се посиромашни. Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден. Народот буквално неа за леб, а Заев се фали со некакви 1.2 милијарди евра помош која е исплатена.
Помошта на Заев е лага. Доказ за тоа се и тутунарите, кои не можат да измолат за откуп на нивниот тутун, и десетици илјади семејства кои ќе останат гладни.
Доколку Заев навистина исплатил 1.2 милијарди евра помош, немаше да имаме катастрофа на секој чекор.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите