ВМРО-ДПМНЕ: Заев има обврска да каже што договорил во Софија

ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите наведува дека Зоран Заев има обврска за транспарентно и инклузивно работење особено кога станува збор за прашања од највисок национален интерес и дека трет ден молчи и бега од одговор, одбивајќи да и каже на македонската јавност што точно договорил во Софија.
- Граѓаните на Република Македонија се вознемирени бидејќи не знаат што точно прифатил Заев во договорот чие потпишување го најави за 2 август. Заев треба да одговори на кои делови од учебниците по историја ќе ги брише и кој ќе одлучи што да се брише? Дали ги прашал за тоа македонските граѓани на кои им ветуваше дебата за секое позначајно прашање? Дали целта на Заев е Македонија, нејзиниот јазик, култура и историја да бидат негирани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев, се наведува во соопштението, ја обвинува Република Македонија за ширење на омраза и национализам, без притоа да каже каков национализам и омраза покажувала од осамостојувањето до денес, како и дека молчи пред сите изливи на национализам кои се упатени кон земјава, а чии интереси тој како Премиер е должен да ги штити.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека граѓаните од СДСМ не очекуваат распродажба на националните интереси и разградување на националното ткиво, туку 16.000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна плата, нови 500 километри автопат, а лекарите 100.000 денари плата кои им ги вети.
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
