ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДС со вакво расипничко трошење ќе ја доведат државата пред колапс и целосен банкрот
За прв пат после 50 години, во време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се основа првата државна кардиохирургија која чинеше над 2 милиони евра. Клиниката функционира на комплетно нов простор, на површина од околу 750 квадратни метри и содржи две операциони сали, интензивна нега, болнички соби, приемна амбуланта и останати простории, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Неспособната влада на СДС расипнички потроши над 340 милиони евра преку задолжување и повлекување на девизните резерви за само три месеци. За овие пари можеше да се изградат дури 160 вакви клиники со најсовремена здравствена опрема. Зоран Заев и СДС не изградија ниту една. Зоран Заев и неговата влада наместо да изградат и реконструираат објекти, водеа расипнички комотен живот, а сето тоа на грбот и со партите на граѓаните. Неспособниот Заев и неговата влада наместо да работат за потребите и интересите на граѓаните, да ги решаваат нивните проблеми, безмилосно ги трошеа народните пари. Граѓаните гледаат дека за три месеца работа од Владата на СДС и Заев не е реализиран ниту еден единствен проект од кој сите ќе имаат бенефит и а со тоа и ќе се придонесе за зголемен стандартот, истакнуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека граѓаните гледаат дека нивните пари, односно 340 милиони евра, владата на СДС и Заев ги потроши за сопствено за луксузирања, опремувања на кабинети со цвеќиња, набавка на апетисани и службени патувања во странство, вработувања на партиски послушници и матни ликови.
-Граѓаните го видоа недомаќинското работење на Владата на СДС и Заев. Заев и СДС со вакво расипничко трошење и цедење на државната каса, за брзо време ќе ја доведат државата пред колапс и целосен банкрот. Крајот на ова недомаќинско работење на Владата на СДС и Заев ќе заврши на претстојните локални избори на 15-ти октомври. Граѓаните ќе ја казнат лошата политика на Заев и СДС. Граѓаните ќе го поразат Зоран Заев и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај