ВМРО-ДПМНЕ: За време на владеењето на Заев криминалот ги доживува ѕвездените моменти

Македонската јавност гледа како поимот криминал ги доживува своите ѕвездени моменти за време на владеењето на Зоран Заев и картелот на власт.
Заев и картелот кој го води треба да и објаснат на македонската јавност како за една година успеа да го купи струмичкиот гигант „Герас Цунев“, по цена од обична гарсониера, како влегоа во милионскиот бизнис со марихуана и како токму нивните камиони превезуваат руда за потребите на „РЕК Битола“.
Зоран Заев го пресликува неговиот криминален бизнис модел од Струмица на територијата на цела Република Македонија. Принципот „едно евро за Вице“ станува карактеристика на работењето на оваа криминална власт.
Граѓаните излегоа масовно и недвосмислено кажаа дека се против криминалите на власта, тонењето на државата, стагнација на економијата и злоупотребата на институциите. Граѓаните на Република Македонија се спротивставија на неправдите и понижувањата од страна на власта и распродажбата на државните и националните интереси.
Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобра иднина и квалитетен живот за себе и идните генерации. Затоа мора веднаш да се расчисти со транзиционите политичари и да дојде една нова генерација на политичари кои размислуваат поинаку и ќе придонесат за доброто на граѓаните и државата.
ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори.
Граѓаните ќе го победат криминалниот картел на Заев и ќе стават крај на неговото неславно и неспособно владеење со Република Македонија. Република Македонија заслужува подобро, граѓаните заслужуваат подобро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
-

Ристески: Со намалувањето на ДДВ за горивата граѓаните заштедуваат до 350 илјади евра дневно
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
-

Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
