ВМРО-ДПМНЕ: За да дојде на власт и да ги покрие криминалите, Заев тргуваше со највисоките државни и национални интереси
За да се спаси од затворски казни за бројните криминали, криминогеното раководство во врвот на СДС е подготвено да дојде на власт по секоја цена, независно што тоа значи целосно реализирање на тиранската платформа, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Македонија е заглавена во криза зашто СДСМ сака да ја измами изборната волја на граѓаните и да го занемари гласот на мнозинството кое гласаше за ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, како што наведува, нови парламентарни избори заедно со локалните се најефективното решение за излез од кризата. На тие избори граѓаните ќе имаат реална можност да кажат што мислат за т.н. тиранска платформа и за планот на Заев да ја редефинира државата.
- Криминалецот Заев за да ги покрие своите криминали од Поткуп, Пуч, Цареви кули, па се до изборните измами, тргуваше со највисоките државни и национални интереси. За да формира влада и да се спаси себе си од кривичен прогон Заев молкум ја проголтува секоја антидржавна изјава на Зијадин Села, кој Македонците ги прогласи за непостоечка нација, а државните симболи на Македонија не ги признава и сака да ги смени. Молкум ја одобрува и секоја антидржавна изјава на Еди Рама, човекот кој му ја спакува тиранската платформа, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Оценка на партијата е дека ниту граѓаните, ниту државата нема да прават отстапки само зашто Заев ги прифатил сите уцени.
- Обврските на СДС кон нарко-мафијата што им помагаше на изборите и кон сите кои го негираат македонскиот идентитет, никогаш нема да бидат прифатени од народот. СДС знае дека ќе биде казнета на избори од граѓаните и затоа почна насилно да се пресметува со нив. Граѓаните гледаат што и прави криминалното здружение СДС на државата и заради тоа се во толкав голем број на улиците во градовите низ Македонија. Тие со право се чувствуваат постизборно измамени, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш нагласува дека тиранската платформа која му е скроена на Заев значи целосна двојазичност, промена на државните симболи, промена на името по грчки терк, федерализација на државата и нејзина дисолуција во последна фаза.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата