ВМРО-ДПМНЕ: Во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу” студентите повеќе од две недели немаат парно
Кој ги замолчува студентите од Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу”?
Повеќе од 2 недели студентите мрзнат затоа што немаат парно и греат вода, а со минусните температури им се отежнуваат условите за престој.
ПРИЧИНАТА е поранешниот „способен директор" на ДСД Скопје, Дарио Н. сега веќе директор на Агенција за Енергетика, кој не распишал тендер за екстра лесно гориво за затоплување на домот, затоа што знаел дека ќе си оди, па баш му е гајле за студентите оставајќи ги на милост и немилост.
За жал, па и новиот директор Виктор Василевски не мрднува ни со прст, тоа е таа иста матрица.
Ама затоа тука е „способната” министерка Мила да ја покаже грижата и за студентите. Но, останува да се види нејзината способност, а дотогаш ,,студентите да издржат на студот” и да следат МЕТЕО може времето ќе биде наклонето на МИЛА т.е. ќе се затопли...кој ПАРАДОКС!
Министерке, гледаме дека воопшто времето не е наклонето.
Преземете ги веднаш сите потребни мерки за основни услови за живот на студентите во зимскиот период!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
