ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија нема да се реализираат туѓи платформи

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оцени дека СДСМ сакале да извршат пуч во Собранието на Република Македонија и повтори дека единствен излез од политичката криза се предвремени парламентарни избори.
- Криминогеното раководство на СДС е нервозно бидејќи не може да ги реализира ветувањата и исполни уцените. Затоа се обидоа да извршат пуч во Собранието на Република Македонија преку кршење на Деловникот и Уставот. Со цел да се замолчат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дебатираат за точките од Тиранската Платформа. СДС сакаше што побргу да започнат со реализирање на Тиранската Платформа, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека во Македонија нема да се реализираат туѓи платформи за да се спасат, како што се вели, криминалците на СДС.
- Се почна да излегува на површина, предавството, пазарењето со националните и државните интереси. Сето што сакаа да го сокријат од народот се дозна. Затоа народот на Република Македонија храбро реши да се спротистави на мафијашите од СДС, и јасно им порача дека со Македонија не можат да тргуваат. Македонија не може од мултиетничка да стане бинационална држава. Во Македонија не може да има двојазични банкноти, двојазични униформи, да се менува химната, знамето, грбот и ред други работи кои ги имаат ветено криминалците од СДС, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Двајца од седумте хоспитализирани со западнонилска треска се во критична состојба, за уште тројца други се чекаат резултати
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Теодора, мајка на 18-месечно бебе, се бори со рак – потребни се 3,4 милиони денари за лекување
-

Нетанјаху призна дека опаѓа поддршката за Израел во САД, вината ја гледа во социјалните мрежи
-

Вучиќ: Изборите ќе бидат распишани согласно Уставот и интересите на граѓаните на Србија
-

Мицкоски до Филипче: Со вас бевме на врвот по бројот на починати во корона кризата
-

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево, под контрола пожарот кај Кавадарци
-

Две нови електронски услуги на ДИЗ: сертификат за извоз на вино и сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки
-

Гаши за Законот за правичната застапеност: Ќе го искористам правото од Деловникот да проценам кога може да го повикам пленумот на гласање по исцрпената расправа
