ВМРО-ДПМНЕ: Власта се уште молчи за „Рекет 3“

Зоран Заев и СДСМ се синоним за криминал.
Поминаа неколку дена по обелоденување на скандалот, а власта се уште молчи за милиони евра тешкиот „Рекет 3“.
Граѓаните на Штип не видоа ништо од новата клиничка болница. Постои сериозен сомнеж кој што се отвори во медиумите дека незавршувањето на клиничката болница во Штип е поврзано со нова рекетарска афера. Сето тоа е зачинето и со определувањето дополнителни буџетски средства, без казна за изведувачот, иако длабоко доцни со реализацијата. Тоа отвора сомнеж за лукративни мотиви.
Главни ликови во оваа афера повторно се Венко Филипче и Зоран Заев и од нив се бара одговор:
· Зошто во Штип се уште нема болница?
· Зошто беше запрена градбата на болницата?
· Зошто е прекинат договорот со подизведувачот?
· Зошто не е активирана банкарската гаранција ?
· Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба?
· Дали и што договарал Венко Филипче со шоумен во неговиот дом, а во врска со градба на болницата во Штип?
Обвинителството треба веднаш да ја истражи аферата и да ја испита улогата на оваа влада во рекетите.
Граѓаните на 12-ти април на Заев ќе му порачат ДОСТА Е! Неговата криминално рекетарската банда не смее да продолжи да ги полни џебовите со народни пари преку криминални тендери и грантови.
Крајот на времето на Зоран Заев доаѓа. Доаѓа време на власт од народот и за народот. Доаѓа време за обнова на Република Македонија. Ова зло никогаш да не се повтори.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
