ВМРО-ДПМНЕ: Владата го уништи здравствениот систем
![]()
Владата на СДСМ го уништи здравствениот систем во Република Македонија.
СДСМ наместо да го подобри здравствениот систем истиот го користи за лично богатење.
Откако СДСМ е на власт во здравството владее хаос и секојдневно сме сведоци на скандали и матни тендери.
Клиниките се распаѓаат, а пациенти умираат од болести кои се третираат со едноставни терапии.
СДСМ парите за подобрување на здравството ги пренасочува до фирми блиски до функционерите од врхушката на власт.
Владата на СДСМ направи здравството да стане привилегија само на богатите, а останатите граѓани да не можат да си ги дозволат ниту основните здравствени услуги.
СДСМ уште еднаш покажа дека воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните туку единствено што мисли е како побрзо некој од функционерите повеќе ќе се збогати.
Со СДСМ здравството стигна на ниво на клиничка смрт.
Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство. Време е СДСМ и Филипче да си заминат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
