ВМРО – ДПМНЕ: Владата ги замрзна цените откако се поскапи, инфлацијата го јаде стандардот
Владата ги замрзна цените откако се поскапи, инфлацијата го јаде стандардот.
Одлуката за замрзнување на цените е задоцнета. Замрзнувањето на цените требаше да се случи пред да поскапат производите во малопродажба.
Дополнително власта не решава ништо, затоа што граѓаните ги очекува поскапување на цената на струјата.
Според неофицијални информации АД ЕЛЕМ бара покачување од над 20%, а можно е уште поголемо покачување и како барање на МЕПСО.
Само за еден месец заради недостатокот на струја се потрошија скоро 40 милиони евра, а трендот на трошење земајќи ја во предвид актуелната ситуација со енергетските капацитети ќе продолжи.
Нема ниту јаглен, хидро акумулациите се празни, а ТЕЦ Неготино не е ниту на повидок дека ќе почне со работа.
Со оваа влада нема изглед за излез од економската и енергетската криза.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
