ВМРО-ДПМНЕ: Вилма Русковска се повеќе ја развлекува истрагата за милионскиот РЕКЕТ
![]()
Истрагата за случајот РЕКЕТ е компромитирана. Таа не ги исполнува очекувањата на правото и правдата.
Од ден во ден Вилма Русковска се повеќе ја развлекува истрагата за милионскиот РЕКЕТ, се со една цел, да се заштитат вистинските нарачатели. Вилма Русковска и обвинителството доцнат повеќе од четири месеци со распитот на сите инволвирани.
Цели четири месеци и требаа на Русковска да го повика на распит Кирацовски, иако за инволвираноста на ликот Кики се пишуваше во продолженија. Четири месеци им требаа за да смислат лага дека Кирацовски само еднаш се сликал со Боки, како главно оградување од неговото учество во рекетирањето. Кирацовски вчера призна дека бил посредник на средбите на Боки 13 со градоначалници и бизнисмени кои биле предмет на рекетирање.
Во целиот случај посредникот помеѓу Боки 13 и оштетениот бизнисмен од излезените снимки веќе е во притвор како второ осомничен.
Зошто се уште Кирацовски не е во притвор?
Очигледни се намерите на СДСМ и Русковска обвинителството да го развлечат и забошотат целиот случај.
Правда во Република Македонија мора да има за да одговараат сите инволвирани во овој криминално-мафијашко-
Потребни се предвремени парламентарни избори, а веднаш по падот на СДСМ од власт, ќе се случи Обнова на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
