ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањата на СДСМ не може да се остварат со интриги и манипулации
ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека СДСМ дале ветувања кои не може да се остварат, како што наведува, само со интриги, манипулации и лажни обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните, соопштува ВМРО-ДПМНЕ, очекуваат СДС да почне и изгради нови 500 километри автопат. Докторите очекуваат плата од 100.000 денари, пензионерите повисоки пензии, а вработените просечна плата од 30.000 денари.
- СДС успеа да собере мнозинство во Собранието и да состави Влада полна со ликови од транзицијата, предводена од човекот што отворено бара поткуп од „едно евро за вицето“. Колкав капацитет за реформи имаат и останатите министри кои извршиле и по 10-тина кривични дела, јавноста наскоро ќе види, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, од каде оценуваат дека најсилни особини на СДСМ се деструкција и омраза.
Граѓаните, се наведува во соопштението, знаат и паметат дека ВМРО-ДПМНЕ се што ветува остварува. ВМРО-ДПМНЕ со доаѓањето на власт во 2006-тата година почна со расчистување на последиците и ефектите од мрачното владеење на СДС.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека меѓу другото ја намалиле стапката на невработеност на 23,1 процент, донеле огромен број странски инвестиции, вовеле рамен данок и повластени стапки на ДДВ од 5 проценти за голем број производи, што ја зголемиле даночната дисциплина кај граѓаните и фирмите.
Ново на Сител
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер
-
Нема владини мерки против високите цени, се бара долгорочно решение
-
Почна со работа Центарот за обука на административните службеници
-
Државните спортски објекти се управувани од претпријатие кое престанало да постои во 2017, вели ДЗР
-
Бизнисот верува во кандидатурата на Ѓорѓиевски за Скопје – Вреди најавува свој кандидат за главниот град
-
СДСМ: Режимски прогон против нашите градоначалници
-
Граѓански иницијативи се здружуваат во партија за учество на локалните избори