ВМРО-ДПМНЕ: Веројатно власта бара нов продолжен кабел кој ќе биде виновен за трагедијата во Бугарија

Трета недела одминува од катастрофалната автобуска несреќа во која 45 лица трагично ги загубија животите, а власта на СДСМ и ДУИ нема одгвоор како е возможно автобус без извод од лиценца 140 пати да ја напушти границата?
МВР и Царина молчат како е можно табличката на кобниот автобус на Беса Транс да не постои?
За каква правна држава може да стане збор кога од несреќата до денес надлежниот инспекторат нема направено увид во компанијата и изготвено извештај?
Молчат и од Обвинителство и нема никаква реакција. 45 лица прерано ги изгубија животите, а од надлежните институции нема никаква реакција, иако има огромен број пропусти, злоупотреби на системот и основано сомнение за криминал.
Очигледно власта и институциите кријат и штитат криминал. Во нормална држава уште првите денови ќе имаше барем оставки, понесување на морална и политичка одговорност. Спрегата на власта и обвинителството мисли дека со развлекување ќе го забошотат и овој случај како во случајот со трагедијата со модуларната болница. Веројатно бараат нов продолжен кабел кој ќе биде виновникот и за оваа трегедија.
За власта на СДСМ и ДУИ човечкиот живот не значи ништо. Но народот гледа и тоа ќе го казни.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
