ВМРО-ДПМНЕ: Стандард и Пурс не вброи во земји кај кои постои ризик дека може да се појави проблем при финансирање на долговите
Наместо живот за сите Заев донесе кредитен рејтинг “ѓубре” за економијата, ова е констатација на Стандард и Пурс, кој ги мери кредитните рејтинзи на државите ширум светот со цел оценка дали истите се способна да ги сервисираат своите долгови.
Според Стандард и Пурс Македонија е во категориите земји кај кои постои ризик дека во иднина може да се појави проблем при финансирање на своите долгови.
Имено Македонија е рангирана во полето високоризични земји што е сигнал до секоја банка која ќе ака да позајми пари на државата тоа да не го стори или да го стори по енормно високи камати.
ВМРО-ДПМНЕ со години предупредува дека власта расипнички се задолжува и дека ќе се доведеме во состојба да не може да се сервисираат долговите. Заев е виновен затоа што се задолжи за скоро 3 милијарди евра, што се нов долг на државата откако е тој премиер.
Откако Заев е премиер долгот е зголемен речеси двојно.
Заев ја донесе државата до економски ќорсокак, и Заев не може да направи ништо позитивно. Потребни се итни чекори за одглавување на земјата од дното, а тоа со Заев не е можно.
Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

На ГП „Блато“ приведен албански државјанин, се запалило и возило во колона
-

Во опожарениот бар во Кран Монтана од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност
-

Приведен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“
-

Приведен 51-годишник од демиркаписко, под дејство на алкохол се заканувал на неговата мајка
-

Во продажен објект пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства, приведен сопственикот на објектот | ФОТО
-

Облачно време со врнежи од дожд и снег
-

ЕК со предупредување до САД: Окупацијата на Гренланд би била крај на НАТО
-

Бадникови поворки во Соборниот храм на традиционална средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
