ВМРО-ДПМНЕ: Со Шилегов на чело Скопје стана најзагаден град во светот
Зимата уште не е почната, а Скопје руши рекорди во аерозагадувањето. Шилегов е две ипол години градоначалник, а нема ниту еден проект за намалување на загадувањето, напротив тоа расте.
Со Шилегов на чело, Скопје стана најзагаден град во светот.
Две ипол години поминаа од мандатот на Шилегов, а скопјани не видеа ниту еден негов проект од областа на животната средина.
Единствена работа која ја направија е вадење на јавната администрација во сабота, да чисти и да врши работа која треба да ја вршат комуналните претпријатија секојдневно.
СДСМ дојде на власт со ветувањето дека ќе го реши проблемот со загадувањето на воздухот, цел мандат им помина, а ништо не направија.
Предоцна е веќе за делување. СДСМ си заминува, а вистинските мерки и проекти следуваат по 12 април, со ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија