ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работи надвор од закон

Специјалното јавно обвинителство работи надвор од закон.
Катица Јанева и нејзините обвинители единствено што почитуваат се политичките нарачки од хунтата на Зоран Заев за пресметка со неистомислениците.
Со денешниот прес, Катица Јанева и нејзините соработници потврдија дека се слепи извршители на желбите на Зоран Заев и СДС во обидите да се замолкне секој што мисли поинаку и што може да се спротистави на антидржавните политики кои во моментов се реализираат.
Само за потсетување, во моментов државната изборна комисија е во оставка, а Зоран Заев најавува промена на името во исто време кога од Грција доаѓаат најави за предлозите кои ги давал Заев, но и за проширување на опсегот на употребата на новото име.
Во вакви околности кога практично не постои институција која би го реализира евентуалниот референдум за прашањето за името, СЈО по наредба на Зоран Заев тргнува во офанзива монтирајќи нови случаи, надвор од законските овластувања, против членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ во обид да ги заплаши и пасивизира. Единствената цел на СЈО е да му обезбеди на Заев поширока поддршка за политиките кои ги реализира на штета на државата.
Ваквото однесување на СЈО е кршење на Законот со кој е формирана таа институција и за тоа мора да има одговорност. Незаконското однесување ќе биде предмет на истрага во оној момент кога правосудните органи ќе се ослободат од притисоците на власта.
Ново на Сител
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
-

Брисел бара посилна борба против корупцијата
-

Бизнисменот Зоран Азманов нападнат во судница во граѓанскиот суд
-

За 4.000 евра заем, барале 2.500 евра камата - детали за вчерашната акција во Куманово
-

Директорот на средното уметничко тврди дека ученикот испрскал пепер спреј, а не солзавец
-

Во Македонија нема адреналински пенкала кои спасуваат животи од тешки алергиски реакции
-

Прв „Нефро-Самит“ во Скопје во организација на Клиниката за нефрологија
