ВМРО-ДПМНЕ: СЈО претставува продолжена рака на СДС
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СЈО претставува продолжена рака на СДС која работи под нивен диктат.
- Секојдневното настапување на СЈО исклучиво е политички во координација на СДС. Од своето дејствување СЈО ниту еднаш не се потруди да даде одговор на јавноста каде ги троши парите на граѓаните на Република Македонија. СЈО досега потроши 4 милиони евра народни пари за политички прогон на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ и не дадоа соодветен извештај за кои потреби ги потрошиле. истакна денеска на прес-конференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Многу е веројатно, нагласи, дека огромен дел од овие средства не се потрошени во интерес на правдата, туку единствено во партиски и непотистички цели.
- СЈО со овој буџет од 4 милиони евра успеа да вдоми партиски војници од СДС, внуци и роднини. Пред неколку дена СЈО бесрамно отвори нов оглас за вработување на нови 30 лица. Ова значи дека СЈО со новиот оглас ќе продолжи со практиката да вдомува членови и симпатизери на СДС и да ги финансира нивните астрономски плати и хонорари со парите на граѓаните, рече Стојаноски.
Посочи дека повеќе од очигледно е дека овие 30 новоангажирани партиски војници од СДС ќе продолжат со хајката против ВМРО-ДПМНЕ.
- Но, и уште 300 лица да вработат нема да можат да најдат докази за противправно однесување на било кој член на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ние сме работеле по закон и во служба на народот, рече Стојаноски и додаде дека ќе следува одговорност за сите постапки кои СЈО ги презема во нивниот политички прогон, и правна и историска одговорност.
Ново на Сител
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари