ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е политичко обвинителство, управувано од страна на СДС

Како што минува времето, така на површина се повеќе излегува непрофесионалното, незаконско и необјективно постапување на СЈО кое е политичко обвинителство, управувано од страна на СДС со единствена цел да го оцрни раководството на ВМРО-ДПМНЕ, порачуваат од опозициската партија.
- Граѓаните го прочитаа СЈО. Веќе секому му е јасен начинот на кој една институција во 21 век во една демократска држава креира политички монтирани случаи без докази, без основна аргументација надвор од сите правни норми и стандарди. СЈО е мрачна страница на македонското правосудство, а граѓаните гледаат дека е политички инструмент и се срамат од него, рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во денешната изјава дадена пред СЈО.
Нагласи дека СЈО, со сите обвиненија што ги покрена и истраги што ги спроведе, докажа дека се работи за политички нарачки и конструкции кои немаат врска со Уставот и законот.
- Тие единствено имаат цел да го оцрнат раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Прес-конференциите одржани од страна на СЈО беа идентични со партиските пресови на СДС. СЈО сега ги реализира нарачаните хајки против ВМРО-ДПМНЕ додворувајќи му се на Заев. Нивниот политички театар обезбедува материјал за медиумите под контрола на СДС за да креираат негативна слика во јавноста за ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Костовски.
Таквата атмосфера, додаде, е неопходна додека „Заев ги распродава името на државата, името на јазик
Ново на Сител
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Цените на нафтата паднаа, Владата нема да прогласи кризна состојба
-

Мицкоски ќе побара од маркетите да не ги зголемуваат цените на производите
-

Опозицијата бара поевтино гориво
-

Уапсен професор од средното уметничко во Скопје – барал да има полови односи со ученичка
-

Антикорупциска не најде судир на интереси кај Томовски
-

Законот за јавно обвинителство ја помина првата фаза во Собранието со поддршка од 75 пратеници
-

Отпуштања од работа во Гентерм, а неофицијално и во Бехтел и Енка
