ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е инструмент диригиран од СДС
ВМРО-ДПМНЕ смета дека кривичните постапки на Специјалното јавно обвинителство се тенденциозни и политички мотивирани и дека сите акции кои ги презема СЈО се во насока на оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Заев.
- Зоран Заев јавно говореше дека не ги признава судските одлуки и не одеше на рочишта, а судот му го врати пасошот. Охрабрени од ваквите привилегии за Зоран Заев, кој има третман дека е над законот, СЈО се впушти во политичка авантура неосновано да бара мерки за обезбедување за неговите неистомисленици. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја опструира правдата, затоа што не сторило ниту едно кривично дело и секогаш работело според Устав и законот. Барањата за притвор на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ беа желба на Заев со која би го елиминирал стравот од поразот кој го чека на локалните избори, изјави претпладнево Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, почнувајќи од „Титаник“ преку, како што рече, „измислените тврдини, траектории и тенкови“, сите обвиненија се без основа и срам за правосудниот систем и за оние кои ги конструирале.
- На граѓаните на Република Македонија им е совршено јасно дека СЈО работи под директен диктат на СДС. Обвиненијата на СЈО се само наратив од прес-конференциите на Заев и служат единствено за оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е право и правда, ниту има каква било допирна точка со правото и правдата. Ова е политика, додаде Стојаноски.
Ново на Сител
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени