ВМРО-ДПМНЕ: Штетен и ризичен членот 12 од Договорот со Бугарија
Според ВМРО-ДПМНЕ, штетен и ризичен сега и во иднина е членот 12 од потпишаниот Договор за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија зашто е предвидено во рок од три месеци од влегувањето во сила на договорот, двете држави ќе основаат заедничка меѓувладина комисија. Таа ќе одржува редовни средби еднаш годишно за преглед на ефективната примена на договорот.
- Тоа значи дека оваа меѓувладина комисија зависно од политичкото расположение во соседна Софија, зависно од тоа дали тие сметаат дека некој учебник е доволно изменет, дека некој споменик е тргнат или коригиран, дека некоја историска личност или настан е прилагоден на нивните желби. Преку оваа меѓувладина комисија за надзор и спроведување на билатералниот договор ќе добијат легално право да ја попречуваат Македонија во своите аспирации. Тоа попречување може да биде постапка за блокирање на отворање одредено поглавје или постапка за блокирање за затворање на одредено поглавје за преговори за Европската Унија, рече на прес-конференција Антонијо Милошоски.
Според него, некоја идна евроскептична или НАТО-скептична влада во Софија своите намери може да ги остварува преку политичко попречување и злоупотребување на потпишаниот, како што рече, штетен договор помеѓу Македонија и Бугарија.
- Затоа сметаме дека владата треба додека има време да се повлече од потпишаниот договор помеѓу Македонија и Бугарија, бидејќи тој има суштински недостатоци. И на среден и на долг рок ќе отвора повеќе спорни прашања отколку што ќе затвора прашања. Нема да ја гради довербата помеѓу македонскиот и бугарскиот народ, напротив ќе отвора дополнителни стереотипи. Ние ќе направиме се во Собранието на Република Македонија овие теми да ги отвориме, истакна Милошоски, укажувајќи дека кога еден договор ќе биде потпишан во Собрание тој нема можност да биде надополнет со какви било амандмани.
Ново на Сител
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре