ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за ширењето на лаги добива казна од народот
СДС за ширењето на лаги и порази добива казна од народот. Тоа го потврдуваат и анкетите кои покажуваат дебакл на СДС и губење на довербата до знак на непрепознатливост на оваа некогаш голема партија.
СДС наместо да држи паушални прес конференции со кои се манипулираат граѓаните, треба да одговори кои од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски ги прифаќа со кои се обезбедува заштита на националниот интерес и брза интеграција во ЕУ.
СДС и Ковачевски се уште тактизираат бидејќи не сакаат да го пуштат Али Ахмети и ДУИ во опозиција.
СДС и Ковачевски не сакаат да го заштитат националниот интерес на државата и да обезбедат сигурна и брза интеграција во ЕУ.
Ковачевски го интересира само бизнис зделките, милионските тендери и крадењето на граѓаните.
Ги повикуваме СДС и Ковачевски да се охрабрат и да одговорат пред јавноста.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група е јасен, нема уставни измени под бугарски диктат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло, температурата до 36 степени
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44
-
Уапсен штипјанец кој ја нападнал сопругата со која се разведува