ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Штип славеше лажна победа
Победата на СДСМ во Штип, им е лажна како датумот за преговори! Прашањето е кого победија?!
СДСМ вчера славеше лажна победа. Лажна, како што им е лажен датумот за преговори. СДСМ вчера ги спроведе најкриминалните избори до сега, а тој криминал го славеше Зоран Заев.
27.500 граѓани не излегоа на гласање затоа што не се согласуваат со криминалот на Заев.
Сашко Николов е победник за 400 гласа, но загуби Штип.
Заев тераше болни од КОВИД да гласаат само за да ја задржи фотелјата. Многу лесно ги бележеше луѓето кои да излезат да гласаат. Еден глас достигна и до 200 евра.
Уцени, закани, притисоци и масовен поткуп е печатот за вчерашните избори.
Заев покажа дека тој не може да организира демократски избори.
И покрај сето насилие. 2/3 од граѓаните на Штип не му дадоа легитимитет на Заев и СДСМ.
2/3 од граѓаните на Штип не се согласуваат со политиките на Заев.
Избори со 1/3 од вкупниот број на гласачи се фарса. СДСМ нема легитимитет.
Дополнително после со лажна прослава повторно го стави на коцка здравјето на граѓаните. Народот кажа дека не го сака Заев.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите