-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со лагите и манипулациите
-->
СДСМ продолжува со лагите и манипулациите. Факт е дека тие досега не направија ниту едно покачување, освен ако за покачување ги сметаат десеттината денари во септемвриската пензија.Пензионерите кон крајот на 2017 година очекуваа зголемување, односно ветеното вонредно зголемување, а СДСМ тоа можеше да го направи зошто во владините фотељи седнаа на први јуни 2017 година. СДСМ направи и ребаланс на Буџетот, но ги заборави пензионерите и ветувањата кон нив.
Ниту вонредното зголемување го немаше.
Факт е дека СДСМ ги заборави пензионерите, а тие очекуваа ветеното да се оствари.
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ овозможи континуиран раст на пензиите. Во 2006 година просечната пензија изнесуваше 7.684 денари, додека на крајот од 2016 година истата таа изнесуваше 13.754 денари, што е зголемување за 79%.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
