ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува да удира по најсиромашните
СДСМ продолжува да удира по најсиромашните. Владата крати 6 милиони евра од Буџетот наменети за намалување на сиромаштијата.
Заев од опозиција ветуваше дека Буџетот треба да се троши за најсиромашните, тој создаде лажна надеж кај луѓето и предизборно ги изманипулира. Ништо од тоа што ветуваше не реализира. Ниту има намера и визија како да го реализира.
Овие кратењата се случуваат во период кога Република Македонија има над половина милион граѓани кои живеат во сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, или тоа се 21.9% од вкупното население во државата.
СДСМ иако имаше можност година и половина не презема ниту една мерка за реално намалување на сиромаштијата, напротив во економијата продолжија да ги користат бенефитите кои беa спроведени од претходната владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително државата е на трето место во светот по младинска невработеност, истата изнесува над 50%, а пред нас се само Јужна Африка и Босна и Херцеговина, ова се официјални податоци на Светска банка.
Извршувањето на капиталните инвестиции за девет месеци изнесува само 24.7%, што е очајно најниско ниво на реализација од постоењето на државата до денес. Ова е показател на неработа и незнаење и во никој случај со ваков начин на работа не можеме да очекуваме нови работни места.
Почитувани,
Ова се поразителни бројки. Ова се бројки кои покажуваат дека власта не знае во кој правец ја движи државата. Ова покажува дека со СДСМ Република Македонија само тоне. И затоа треба час поскоро да си заминат.
Ново на Сител
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?

