ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на претстојните избори фрли темна дамка

СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори фрли темна дамка.
Владата предводена од СДСМ призна дека за само два месеци вработиле 4.131 партиски војник. Со оваа изборна корупција Зоран Заев сака да го намали поразот, надевајќи се дека ќе избегне одговарност за сторените криминали.
Вработувањето на партиската армија во администрацијата се случува и после договорот за избори и техничка влада, со што СДСМ свесно го нарушува претстојниот изборен процес.
Зоран Заев треба да знае дека оваа армија од партиски послушници сместени во администрација нема да му помогне да побегне од правдата. Зад секој вработен партиски војник во администрацијата стои по еден разочаран граѓанин чии квалитети не се препознаени од владата. Токму затоа се случува егзодусот на квалитетни кадри. Поради задоволување на апетитите на СДСМ, граѓаните ја напуштаат Република Македонија.
СДСМ за овие три години донесе само неуспех и уназадување во сите сфери на општеството. СДСМ мора да си замине за да стартува обновата на Македонија.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
