-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на Ковачевски да има доблест и гласа интерпелација на Џафери
-->
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието на Македонија заради недоличното однесување, сите прекршувања на Деловникот за работа на Собранието, прекршување на Уставот на Македонија, како и за навредите на Џафери кон вработените во Собранието.
Ги повикуваме сите пратеници во Собранието на Македонија да ја поддржат интерпелацијата за Талат Џафери.
Исто така Ковачевски треба да излезе од скутот на ДУИ и пратениците на СДСМ да ја поддржат интерпелацијата на Талат Џафери. Автократот Џафери покаже дека не е достоен да биде претседател на Собранието заради неговиот примитивизам, кршење на Деловникот и Уставот и недемократско однесување.
Џафери вулгарно ги навредуваше вработените во Собранието.
Џафери контактирал со Чеченски политичар кој е безбедносен ризик за државата заради блискоста со Кремљ.
Џафери контактирал со Чеченски политичар кој е безбедносен ризик за државата заради блискоста со Кремљ.
Џафери ги заклучуваше пратениците во Собранието.
Што уште треба да направи Џафери за Ковачевски да се охрабри и како лидер на СДСМ да побара негова оставка?
Постои основан сомнеж дека и Ковачевски и ДУИ намерно провоцираат сценарио во Собранието кое треба да биде дефокус од реалните проблеми, неспособноста и криминалот на власта.
Оставката на Џафери е основан и логичен чин после целото негово поведение и очекуваме СДСМ на Ковачевски да има барем грам доблест.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори