ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Спасовски го политизираат МВР

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ оценува дека за неполни 24 часа новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски започнал со спроведување политизацијата на МВР, според партиски насоки.
Во реакција на соопштението на опозициската СДСМ за одлуката на министерот Спасовски за престанување на важноста на овластувањата од претходните министри за раководните лица во Министерството ВМРО-ДПМНЕ наведува дека „за три одлуки на новиот министер се издадени три партиски соопштенија во одбрана на неговата партиска агенда во МВР.“
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ веќе покажале како ќе го политизираат МВР од штабот на „Бихаќка“ во наредните шест месеци.
- Со партиско соопштение СДСМ се обиде да го одбрани Спасовски од медиумите кои ја објавија неговата прва одлука на Спасовски како министер да си приграби ново модерно „Ауди“ за свој службен автомобил. Со партиско соопштение СДСМ се обиде да го одбрани Спасовски од медиумите кои објавија дека како министер си обезбедил дипломатски пасош за кој не сакал ниту да се слика „како сите смртници“ туку наредил опремата за сликање да биде однесена во неговиот кабинет. Со партиско соопштение СДСМ се обиде да го одбрани Спасовски од медиумите и за третата одлука како министер, односно телеграмата што беше објавена и со која го развластил цело МВР, парализирајќи ја полицијата и доведувајќи ја Македонија во опасност, наведува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Артан Груби и Перпарим Барјами прв пат заедно во судница – продолжува судењето за Лотарија
-

Во Прилеп одбележани 84 години од Дабничкиот масакр кога бугарскиот фашистички окупатор уби 18-мина кај с. Дабница
-

Младите недоволно се интересираат за сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
