ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ преку Азири порачаа дека ќе кршеле коски
Наместо осуда за насилието од страна на Арбр Адеми од СДСМ и ДУИ, повторно гледаме закани од високи државни функционери на власта.
Државниот секретар во министерството за култура Валмир Азири јавно порача дека ќе кршеле коски на пратеници.
Повторно молк од страна на оваа ненародна власт. Нема ниту осуда за државниот функционер, ниту пак најава за разрешување од функцијата, ниту оградување од изјавите на Азири.
Од ова јасно се гледа дека токму тие, СДСМ и ДУИ се креатори на насилството во Собранието, се со цел дефокус на јавноста од тајните преговори во Софија.
Молк и од страна на најповиканиот Димитар Ковачевски, како прв во извршната власт за заканите и говорот на омраза на функционерите од власта.
Повторно Ковачевски ќе глуми изненаден и работите ќе ги дознава од медиумите и нема да побара одговорност, како и многу пати до сега.
Ова насилство кое денес се случуваше во Собранието, ниту јавните закани на бандите на ДУИ и СДСМ нема да не исплашат.
Јасно им е на луѓето од власта дека крајот брзо им доаѓа, па затоа во паника и страв се закануваат, навредуваат и физички се пресметуваат.
Ново на Сител
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија