ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ се власт во град Скопје
СДС, Левица и ДУИ се власт во град Скопје, Ковачевски и Арсовска коалиција на тендери и бизнис зделки.
Директорите на претпријатијата под Град Скопје се поставени од СДС, Левица и ДУИ. Директорските места се најголем доказ за коалицијата кои ги споделуваат заедно со ГРОМ.
Директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е Зухјер Реџепи од ДУИ.
Директор на ЈП „Улици и патишта“ е Саид Саид од ДУИ.
Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е Снежана Стојчевска од Левица.
Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.
Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.
Заменик директор на „Градски паркинзи“ е Сенада Ибраимова од Левица.
Директор на „Градски паркинзи“ е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.
Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот.
Токму Стојковски е директорот преку кого Арсовска и СДС туркаат големи зделки. Имено Стојковски лично го потпишал договорот за набавка на гориво од 27 милиони евра без рабат, кој е вообичаен за таквиот вид договори.
Само заради тоа што во договорот од 27 милиони евра не е предвиден рабат, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.5 милиони евра.
Со 1.5 милиони евра во целост може да се реши проблемот со приватните превозници, но Арсовска и СДС не сакаат да го поништат договорот и да распишат нов повик за да обезбедат рабат за претпријатието.
И директорот на ЈСП и Арсовска и СДС не работат за граѓаните, туку за свои интереси.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
