ВМРО-ДПМНЕ: Покачената цена на струјата е резултат на желбата за пари на Заев
СДСМ преку партиските активисти Марко Бислимовски и Панче Орцев ја контролира РКЕ. Бислимовски и Орцев не работат за интересите на народот, туку за интересите на партијата.Покачената цена на струјата е резултат на желбата за пари.
Народот плаќа поскапа струја за да може струмичка агенција за обезбедување да испумпува десетици милиони евра од универзалниот снабдувач на електрична енергија, камиони со струмички регистарски таблици да вртат во РЕК, а финансиерите на СДСМ да добиваат тендери за ископ на јаглен од 6.4 милиони евра.
Енергетските компании во државна сопственост се користат за грабеж на народот, преку нив се исполнуваат десетици милиони евра на приватни сметки. Додека Заев полни џеб, народот нема ни за леб. СДСМ ја тоне Македонија. Иако целиот народ е против покачувањето на струјата, СДСМ не ја менува одлуката, затоа што поважен им е профитот, отколку народот.
Заев и СДСМ не се решение за проблемот, тие се проблемот. Криминалот, мафијата и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!