ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставниот суд за Законот за јазици
Законот за двојазичност е противуставен, донесен во нелегална процедура, а со тоа и штетен.
Ова се главните причини заради кои што ВМРО-ДПМНЕ денес поднесува иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста на Законот за двојазичност, кој беше донесен на насилнички начин од страна на власта, со газење на Уставот, законите и процедурите за донесување и објавување на законите.
Указот за прогласување на законот за двојазичност е објавен само со потпис на Талат Џафери и без потпис на Претседателот на државата – Ѓорѓе Иванов, што е во целосна спротивност на Член 75 од Уставот, кој предвидува указите за прогласување на законите задолжително да се потпишуваат од Претседателот на Република Македонија.
На указот на Законот за двојазичност стои единствено потписот на Талат Џафери, кој се потпишал во име на претседателот на држава – иако на претседателот на државата, ниту му престанала функцијата, ниту бил спречен да ја врши, што е уште една незаконитост спротивна на Член 82 од Уставот. Тоа значи дека во конкретниов случај не е исполнет ниту еден од условите указот да биде потпишан од Џафери во име на Претседателот на државата.
Талат Џафери и владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и Заев брутално го погазуваат Уставот.
Законот за двојазичност е во целосна спротивност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој вели дека „На целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.“
Со Законот за двојазичност – македонскиот јазик се изедначува со секој друг јазик кој го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и со тоа македонскиот јазик од кохезивен фактор во општеството се претвора во еден од двата службени јазици, што е незаконски и противуставно.
Дополнително власта врши прекршување и при носењето на законот, бидејќи Законот за двојазичност е закон кој уредува и прашања за употреба на јазикот во судските постапки и органите на државната управа и општините, кои според Член 98 и Член 119 од Уставот се носат со двотретинско мнозинство.
Уставните прекршувања мора веднаш да запрат. Република Македонија мора да биде правна држава, а не држава во која ќе се гази највисокиот правен акт.
ВМРО-ДПМНЕ бара од Уставниот суд донесување на времена мерка – запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на Законот за двојазичност и Указот за прогласување на истиот, чија уставност се оспорува, од причина што доколку започне да се применува постои ризик од настанување на штетни последици.
Апелираме до Уставниот суд да одлучува со најголема итност, почитувајќи ги Уставот и воспоставените практики од минатото и да донесе одлука со која ќе се укине Законот за двојазичност.
Незаконието мора да запре и одговорност мора да има.
СДСМ мора да си замине и токму затоа потребни се итни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата
-
Руските безбедносни сили упаднале во притворниот центар и ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници