ВМРО-ДПМНЕ: Oд овој месец секое домаќинство ќе плаќа 500 до 800 денари повеќе за струја
Заради Ковачевски и СДСМ од овој месец секое домаќинство ќе плаќа 500 до 800 денари повеќе за струја.
Покачувањето од минимум 500 денари по сметка е заради неспособноста на власта, која ги испразни хидроакумулациите во текот на летото и продаваше струја кога беше евтина, за сега да нема да произведат кога истата е скапа.
Земјава нема струја и затоа што во РЕК Битола не се копаше јаглен минатата пролет и лето, и се дочека зимата без разерви на откопан јаглен на депонијата во претпријатието. Затоа што немаше јаглен, комбинатот работеше со половина блок.
Домашното производство не може да ги задоволи 50% од капацитетите. Во голем период од последните неколку месеци се купуваше и половина од дневната потрошувачка, по цена 10 кратно поскапа од порано, а затоа за само два месеци оваа власт даде 86 милиони евра народни пари, нешто за кое ако ископале јаглен на време ќе уштеделе и до 70 милиони евра.
Струјата е скапа и скапа ќе биде се додека е СДСМ на власт, затоа што немаат ниту план, ниту стратегија. За да се реши енергетската криза потребни се предвремени парламентарни избори, а потоа нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори - Ќе се прегласува во Крушево, Охрид и Желино
-
Дом за стари лица во Прилеп инсталираше фотоволтаични панели
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица