ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Владата врши партизација на институциите
ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение обвинува дека Владата со смената на 1.500 членови на управните и надзорните одбори и со отпуштањето од работа на вработени во администрацијата врши партизација на институциите.
- Владата на СДС започна да вработува партиски војници, комичари, поети, твитер ликови, шарени револуционери кои поседуваат партиска книшка на СДС, која пратениците на оваа партија ја нарекуваат втора лична карта, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека во ребалансот на Буџетот се кратат средства за капитални инвестиции и нема зголемување на пензиите и социјалната помош, а на годишно ниво се планираат стотици милиони денари за нововработените.
- Додека граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите, СДС спроведува партизирање и брутална партиска хајка против секој што не размислува како нив, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце