ВМРО-ДПМНЕ: Обидот за атентат врз Тодоров не беше афектен чин
Обидот за атентат врз Никола Тодоров не беше афектен чин. Обидот за атентат врз Никола Тодоров беше чин кој беше поттикнуван со години, рече на денешната прес-конференција Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.
- СДС и невладините организации под контрола на Сорос измислуваа стотици лаги против Тодоров само за да ја подготват и подгреат атмосферата до момент во кој некој ќе им поверува и ќе одлучи да пролее крв. Нема земја во светот во која што не починал пациент, но тие сметаа дека со прогласувањето на Тодоров за масовен убиец ќе успеат да манипулираат со чувствата на болните, нивните блиски или оние кои загубиле некого, истакна тој.
Ваквата политика, според Јовановски, имаше за цел да предизвикаат крвави конфликти по улиците.
- Јасно е дека атентаторот не се одлучил сам да го стори убиството токму на првиот ден од доаѓањето на Зоран Заев на власт. Органите на прогонот мора да утврдат и кој му го дал пиштолот за да го стори криминалниот акт. Органите на прогонот мора да побараат одговорност од сите оние кои го поттикнуваа и помагаа атентатот и сеуште даваат поддршка на крвавите пресметки, истакнува тој.
Посочува дека молкот е неприфатлив и оти не смее да се молчи и за подметнатата бомба во семејната куќа на пратеникот Антонијо Милошоски. - Не смее да се молчи ниту за демолирањето на автомобилот на Гордана Јанкулоска. Доколку МВР наскоро не ги изведе виновниците пред лицето на правдата ќе биде повеќе од јасно кој стои зад овие крвави пресметки. Јавноста веќе гледа на каков начин антиреформската влада ќе врши дефокус наместо да се посвети на ветувањата кои ги даваше, вели Јовановски.
ВМРО-ДПМНЕ, како што додава, нема да отстапи од патот по кој чекори - создавање на просперитетна и економски силна Република Македонија! Идеја и цел која е во полза на сите граѓани на нашата држава.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот