ВМРО-ДПМНЕ: Ново задолжување на државата од 131,6 милиони евра
Денеска Зоран Заев ќе ги задолжи граѓаните за 131,6 милиони евра. Тоа е задолжување од неверојатни 280 евра за секое четиричлено семејство.
Политиките на владата на СДСМ и Заев ја руинираат македонската економија и ја водат кон банкрот.
Штетата која што ја прави СДСМ со секој изминат ден се потешко ќе биде да се надомести.
Единственото економско блескање кое што го најавуваше Заев се енормите износи на нови задолжувања. Во државата цветаат само личните бизниси на фамилијата Заеви. Забрзаното задолжување е само показател дека Зоран Заев го интересира само како да ги присвои парите на граѓаните преку неразумно трошење и сомнителни тендери.
Историското рекордно ниско ниво на капитални ивестиции во јануари од 1.67 отсто говори дека СДСМ не знае каде тера. Со скапа пропаганда ги лаже граѓаните дека реализираат инвестии, а бројките говорат дека СДСМ ништо не изградиле.
Ги нема помпезно најавуваните патишта,автопати, болниците, училиштата, проектите за младите, амбулантните возила. Заев се утепа од лажење, а од инвестиции останаа само семејните богатења и зголемување на капиталот на неговите функционери.
Зоран Заев се богато, задолжувањата се зголемуваат а граѓаните осиромашуваат. Јавниот долг не само што е висок, туку ги надмина енормните 50% заканувајќи се со тотално банкротирање на државата. За еден месец владата на Заев потрошила 1.3 милијарда денари за привремени вработувања, а за неполни три години трошоците за привремените вработувања се зголемени за огромни 71%.
Расипничкиот однос на Заев и СДСМ резултира со беда и банкрот. На ова поигрување сл државата, ќе му дојде крај на 12-ти април, кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и ќе започне обновата на економијата во Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Од понеделник потопло време со постепен пораст на температурата
-
40-годишна жена се удави во Дебарско езеро
-
Приведен малолетник од Скопје, со употреба на сила одзел пари од едно лице
-
Има одредени зголемувања на цените во малопродажба, во големопродажба цените се вратени како пред одлуката, вели директорот на ДПИ
-
Лос Анџелес се раздели со Оливие Жиру
-
Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите
-
Приведен 41-годишен велешанец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Умеров: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно