ВМРО-ДПМНЕ: Николовски не го реши откупот-најголемиот проблем на земјоделците
Изминатиов период се покажа и докажа дека ветувањата на Николовски не му се јака страна.
Тој може да ветува колку сака повисоки субвенции но никако не успева да го реши најголемиот проблем со кој се соочуваат земјоделците а тоа е откупот.
Николовски мора да разбере дека бадијала му е секоја субвенција што ќе ја даде ако родот на земјоделците скапува на нивите и нема кој да го откупи.
До сега речиси и да не постои гранка на земјоделието која не се соочува со невидени проблеми. Нема пласман на сливата, на житото, на лубениците на праската а сега нема пласман на јаболкото.
Стандардот на земјоделците е уништен, доведени се до работ на егзистенција, а земјоделството стана гранка во изумирање.
Николовски наместо да оди и да им продава популизам на земјоделците да се фати со работа и да почне да им ги решава проблемите. Ако не може тоа да го направи нека го отстапи местото на некој што е поспособен и што ќе знае како да ги реши сите овие проблеми.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт
-
Манасиевски: Човек како Митовски не смее да биде градоначалник
-
Високите цени и потребата од нови мерки ќе се разгледуваат на ЕСС следната недела
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница