ВМРО-ДПМНЕ: Нема крај на тоталитарниот режим на Зоран Заев и ова мнозинство во Собранието
Зоран Заев сака брутално да ја политизира и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Зоран Заев сака целосна контрола на оваа власт во секое поле на дејствување.
Со новиот Предлог закон за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кое ова парламентарно мнозинство сака да го протне во Собранието и тоа по скратена постапка, предвидува целосна контрола на СДСМ и коалицијата на ова тело.
Дали е демократски процес кога за изгласување на членови во агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се носи со 2/3 мнозинство, а сега сака да го замени со мнозинство од 61 пратеник?
Со ова власта сака да си постави нивни послушници, за целосна контрола врз медиумите преку Агенцијата.
Со вакви измени власта ќе си постави партиски послушници исто како во најтоталитарните режими.
На власта не и доаѓа паметот иако според извештајот на Транспаренси Македонија со Зоран Заев го проби и дното, најлошо рангирана земја во Европа сме за корупција.
Нема крај на тоталитарниот режим на Зоран Заев и ова мнозинство во Собранието.
Ново на Сител
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи