ВМРО-ДПМНЕ: Нема да учествуваме во криминалот на Филипче и Заев за нов клинички центар
Она што го нуди Филипче на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а е поврзано со Клиничкиот центар е тие да дадат амин на најкорумпираната влада во Европа да располага со над пола милијарда евра за криминална изградба на Клинички центар.
Или фигуративно кажано да се согласат пратениците два гладни волка да влезат во стадо јагниња и сето тоа немо да го посматраат.
Филипче краде од набавка на томографи, а можете да замислите што ќе се случи кога на располагање ќе имаат над пола милијарда евра. Тоа би било пљачка на векот.
ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал и грабеж. Бидејќи СДСМ се фали дека има стабилно мнозинство можат да го поминат законот но да знаат дека ќе одговараат за секое украдено евро потоа.
Несериозно е со закон од неколку листа да им се даде за право да украдат над пола милијарда евра.
Фактот дека не започнаа со градба на готов проект и пари кои им ги остави ВМРО-ДПМНЕ при смена на власта, најдобро говори дека сега бараат личен криминален интерес од градба на друг проект. Ниту Клинички ќе има, ниту подобри здравствени услови.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати