ВМРО-ДПМНЕ: Не бараме и не преговараме амнестија, за тоа најдобар демант ќе биде времето
Апсолутно е неточно дека ВМРО-ДПМНЕ бара и преговара некаква амнестија. Ваквите неточни брифирања од СДСМ се само обид да се дефокусира вниманието на јавноста од актуелните случувања поврзани со штетниот договор со Грција кој ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа.
Треба да знаат и Заев и Шекеринска дека со ваквата оркестирана кампања, заоснована на невистини и шпекулации, на трикови, и двосмилени потези само ја оддалечуваат државата од каков било успешен исход од разговорите кои се започнати.
ВМРО-ДПМНЕ единствено за што се залага е подобрување на законските решенија и применување на европските пракси, како и обезбедување на механизми за заштита на изразената волја на граѓаните.
СДСМ треба да престане да ја дезинформира јавноста и да дефокусира од заложништвото во кое ја втурна прифаќајќи го штетниот договор со Грција.
И во однос на некои надежи и пишувања дека се договарало некаква возратна амнестија во стилот СДСМ сега, па потоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе овозможи друга амнестија, би порачале дека најдобар демант за ова ќе биде времето кое ќе покаже дека одговорност ќе има за сите оние пречекорувања на Уставот и законите кои сега се случуваат.
Ново на Сител
-
Џамбаски за Љубчо Георгиевски: И двајцата сакаме да нема граница од Охрид до Црно Море
-
Ковачевски - Макрон: Франција е посветена на европската перспектива на Северна Македонија
-
Нови Сад: Маж легна на булевар и го блокираше сообраќајот | ФОТО
-
Поранешниот полицаец Томас Лејн призна вина во случајот за убиството на Џорџ Флојд
-
Владата го овласти амбасадорот Талески да даде согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО
-
Приведена 22-годишна тетовчанка осудена за кражба
-
Скопјанка нападната од лице кое работело како обезбедување во трговски центар
-
Од туѓа картичка си повлекол 18.200 денари