ВМРО-ДПМНЕ: Народот гладува, ама затоа власта набавува мебел и услуги за перење автомобили
Народот гладува, ама затоа луксузот на власта на СДСМ и ДУИ не смее да трпи. Власта администрирана од Ковачевски, која започна со набавката на позлатениот прибор за јадење, без срам бара граѓаните да штедат, ама затоа тие за неколку месеци потрошиле 2 милиони евра за луксуз.
Лицемерите од власта се водат по народната не гледајте што правиме, слушајте што зборуваме. Па така додека декларативно говорат дека презеле мерки да се спречи ненаменското трошење на народните пари, тие веќе направиле ршум со јавни набавки. Па така МВР изминатиов период откако знаеле дека ќе има економска криза, наместо да прекинат со такви постапки за непродуктивни трошоци, набавиле мебел во вредност од 250.000 евра. Маричиќ својот нов ресор го почнал со набавка на мебел и услуги за перење автомобили во вредност од 700.000 денари. Да не остане покус од Маричиќ и Бујар Османи се подновил со мебел изминативе неколку месеци откако знаеле дека ќе има економска криза, во вредност од над 20.000 евра. Љупчо Николовски во министерството за земјоделие иако знаел дека ќе има криза наместо да им помага на земјоделците, тој си набавил услуги за перење на автомобили во висина од 470.000 денари.
Ете ја хипокризијата на власта на дело. Зборуваат дека треба да се штеди, а откако знаеле дека ќе има криза, набавувале мебел за стотици илјади евра, како тоа да е клучно за граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините