ВМРО-ДПМНЕ: Најодговорна за газењето на Уставот на 27 април е СДСМ

Најодговорни за газењето на Уставот и демократијата на 27 април е СДСМ, која тогаш спроведе политичко насилство поништувајќи ги Уставот, законите и деловникот на Собранието. Тоа беше директно газење на државата и нејзиниот правен поредок, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ за одговорност за случувањата во македонското Собрание на 27 април.
- Во врска со информациите дека на 27 април некоја македонска институција му дала согласност на српскиот дипломатски претставник да влезе во парламентот на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, веќе соопшти дека ниту МНР, ниту владата, ниту парламентот, ниту МВР или Агенцијата за разузнавање не добиле такво барање, ниту издале таква согласност и одобрение, се вели во ракцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ја повикуваат новата влада да провери дали такво нешто имало, и доколку имало да го објави документот со кој некоја институција издала такво одобрение.
- Доколку не се прикаже таков документ во наредните ден два, ќе констатираме дека дефинитивно такво нешто не е издадено и дека СДСМ по којзнае кој пат лаже, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
