ВМРО-ДПМНЕ: Монструмот Палевски е последица на токсичната атмосфера и говорот на омраза која ја ширеше на подкастите

Монструмот Палевски е и последица на токсичната атмосфера и говорот на омраза која непречено ја продуцираше на поткастите, заштитени од власта и полицијата
Убиството на Вања и создавањето на монструмот Палевски е и последица и на лажната недопирливост која Палевски и неговата банда со поткасти ја чувствуваа и работеа непречено, а преку која ширеа токсична атмосфера. Сето ова се случуваше пред лицето на МВР кое поради политичка пресметливост и конекции со оваа групација го амнестираше ваквото однесување.
Со години Палевски добива медиумски публицитет каде жигосуваат луѓе и сеат говор на омраза, невистини и шпекулации. Со години Палевски и неговите соработници шиканираат луѓе преку својата емисија, оцрнува луѓе, повикува на тепање и друг вид насилство. Палевски ширеше говор на омраза, располагал со информации добиени од власта, „бомби на СДС“ и тоа поминуваше неказнето.
Палевски и неговата банда не можеле досега да функционираат и да поминуваат без санкција, ако зад нив не стои врвот на власта и им се дава лажна претстава за моќ поради кои рекетираа и изнидуваа пари.
Оливер Спасовски, како шеф на МВР е одговорен и најповикан зошто со години дозволува Палевски и неговата рекетарскa ориентирана банда да шират токсична атмосфера, да се закануваат и да шиканираат луѓе, но и за неговото бегство.
Спасовски не може да се амнестира, зошто со години не презема ништо за санкционирање на Палевски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
