ВМРО-ДПМНЕ: Медуимската слобода е загушена, а новинарите се секојдневно под закани и притисоци
Секој изминат ден го покажува недемократскиот карактер на оваа власт. Скапо платената владина пропагандна машинерија не може да ги сокрие сите лаги на Заев. Ветуваа живот и слобода, а донесоа цензура, закани и условни затворски казни за медиумите. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува заканите и цензурата врз новинарите и медиумите, велат од партијата.
-Со доаѓање на СДСМ на власт видовме условна затворска казна за искажан став и напишан текст, не заради тоа што не бил точен, туку биле откриени лични податоци. Нормално, на оние кои донеле ваква срамна политичка пресуда влакно не им фали. Одговорност нема. Со доаѓањето на СДСМ на власт видовме функционери во министерства, платени со пари од граѓаните како навредуваат медиуми. Нормално, на оние кои навредуваат, а се платени од буџетски пари, влакно не им фали. Одговорност нема, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„Со доаѓање на СДСМ на власт гледаме како нивните мегафони промовираат насилници кои се закануваат и навредуваат новинари. Нормално, на насилниците влакно не им фали. Вината е во пајакот. Одговорност нема. Со доаѓање на СДСМ на власт гледаме класична цензура на емисии. Нормално, на цензорите влакно не им фали. Одговорност нема. Медуимската слобода е загушена, а новинарите се секојдневно под закани и притисоци“.
ВМРО-ДПМНЕ апелира да престанат сите форми на притисок и закани врз медиумите и новинарите.
-Република Македонија има потреба од слободни медиуми и новинари, кои без страв ќе работат. Слободното новинарство е обврска за секоја власт и право на граѓаните. СДСМ мора да знае дека без слободни медиуми, без новинарска слобода нема демократско општество.
Ново на Сител
-

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град
-

Клековски: Апел да се вакцинираат децата против морбили за да превенираме можна епидемија по растот на случаи во Косово и Бугарија
-

Јаневска до првачињата: Освен знаење, побарајте и братче или сестриче, за повторно да ги отвориме затворените училишта
-

Мицкоски за дата-центрите: Многу јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен, ја водиме Македонија во просперитет
-

Ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје - инвестиција од 92,7 милиони денари
-

МВР со детали за тепачката: 13-годишник избодел тројца, меѓу нив и детето кое се бори за живот
-

По триесет години „Кифи Ди“ прогласен за виновен за убиството на Тупак Шакур
-

Приведен 34 годишник од Инџиково, при претрес пронајдени се дрога и дигитална вага
