ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот јазик не е гарантиран со предлогот со кој се фали Владата
Јазикот не е гарантиран, власта на Ковачевски прифаќа Бугарија да ни ги пишува учебниците.
Власта се фали дека е гарантиран јазикот, а тој е оспоруван, додека учебниците ќе ни ги пишува Бугарија.
Македонскиот јазик не е гарантиран со предлогот со кој се фали владата. Официјалниот јазик на земја кандидат за ЕУ, се признава во поглавје 34. Македонскиот јазик го нема во предлогот, и постои опасност кога ќе се отвори и затвори поглавјето 34 истиот да биде оспоруван.
Со овој предлог се остава проблем и можност јазикот да биде оспорен, бидејќи тој не е гарантиран.
Дополнително со предлогот историската комисија е таа која ќе може и понатаму да биде кочничар на се, доколку нешто не е по волја на Бугарија. На Бугарија едноставно и се дава право да ги пишува учебниците по историја во Македонија.
Власта не обезбедува ништо. Отвора само бројни проблеми. Затоа премногу е. Потребни се избори, час побргу.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
